Раиола ги откри тимовите кои испратија понуда за Донарума


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека Раиола се грижи и за кариерата на Донарума.

Овој 18-годишен голман со одличните игри во Милан привлече голем интерес на себе и скоро нема тим кој не би сакал да го види во своите редови.

Милан сака да го продолжи договорот со него, но работите ги одложува Раиола.

„Да не бев јас, Донарума ќе завршеше во Интер, а не во Милан. Повеќе направив за нив, отколку тие за мене. Знам дека не се трпеливи, но ги гледаме сите опции.“

„За него понуди испратија Јувентус, Наполи, Ливерпул, ПСЖ, Јунајтед, Сити, Евертон, Барселона, Реал Мадрид, Баерн и Атлетико.“