Раиола му договори трансфер на Донарума, Милан останува со „празни раце“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот голман на Милан, Донарума би можел ова лето да го напушти тимот.

Одличнио 18-годишен голман има богати понуди од градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед и наводно сериозно размислува за заминување.

Иако Милан е подготвен да му понуди нов договор, сепак Раиола му закажа преговори за крајот на сезоната.

Медиумите тврдат дека Донарума заминува за само 20 милиони фунти.

Двете заинтересирани страни во летниот преоден рок ќе бараат голмани. Првиот избор падна на Донарума и градските ривали му понудија голема плата.

Со оглед на тоа дека менаџер му е  Раиола, не би било чудо ако овој голман заврши во ПЛ.

Донарума претходно се поврзуваше со Јувентус и Реал Мадрид.