„Ракетата“ на Борозан против Барселона се најде во топ 5 најдобри во ЛШ (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вардар беше поразен со 26-34 на гостувањето кај Барселона во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден погодок од најдобрите ракометари на црвено-црните, Вуко Борозан, се најде во топ 5 најубави голови.

Борозан се најде во изборот на ЕХФ и неговиот погодок беше избран за четврти најубав во осмото коло од ЛШ. Инаку, искусниот ракометар го заврши дуелот со три постигнати голови.

Инаку, за најубав погодок е прогласен голот на ракометарот на ПСЖ, Уве Генсхајмер, а најдобрите пет гола може да ги погледнете ТУКА.