Рамос го испофали Кејн: Многу би напредувал во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид и репрезентативец на Шпанија, Серхио Рамос зборуваше за напаѓачот на Тотенхем по крајот на натпреварот помеѓу Шпанија и Англија.

Рамос смета дека Кејн би успеал во Шпанија и со сигурност би напредувал во неговата игра.

„Можеби во Премиер Лигата повеќе се концентрирате на физичката игра, но таму исто така има многу добро технички потковани играчи. Ќе почнам со Кејн. Тој е физички фантастичен напаѓач, но исто може да ве изненади и на технички план. Шпанија е идеално место за него“- коментираше Рамос.

Хари Кејн веќе два трансфер периоди наназад се поврзува со трансфер токму во Реал Мадрид, но „Кралевите“ тешко дека ќе дојдат до неговите услуги.