Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Изјава која ги изненади сите.
Серxио Рамос е сигурно еден од најoмразените играчи за навивачите на Барселона, но тој секогаш бил искрен и коректен.
Шпанскиот репрезентативец знае да ги пофали своите најголеми ривали, а за него тоа е сигурно Лионел Меси кој веќе повеќе од десет години му прави неверојатни проблеми на натпреварите помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Прашањето до него било дали мисли дека Диего Марадона е најдобриот играч кој играл за Аргентинската репрезентација, но неговиот одговор ги остави многумина без текст.
„Го почитувам Марадона, но сигурно сите знаат дека тој е километри поназад од најдобриот аргентински играч во историјата, а за мене тоа е Лео Меси“, рече Рамос.