Рамос поради закани морал да го смени телефонскиот број!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, поради заканувачки пораки морал да го смени бројот на телефон.

Одбранбениот играч на Реал во финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул имаше дуел со Мохамед Салах, по што Египќанецот се повреди и мораше да го напушти натпреварот.

Тоа ги налути навивачите на Ливерпул и фанови на Салах, па прославата на титулата во Лигата на шампиони на Рамос му се претвори во ноќен кошмар.

Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос поради големиот број на повици и заканувачки пораки морал да го смени бројот на телефонот.