Раниери дефинитивно го напушта Нант


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стратег Клаудио Раниери во наредната сезона нема да го води Нант, потврди сопственикот на клубот.

Искусниот Раниери во Франција дојде во јуни, а потпиша двегодишен договор со екипата, меѓутоа нема да го одработи до крајот.

„Не може да криеме. Нема лутење. Му се заблагодаруваме на тоа што го направи за нас“, кажа сопственикот на клубот.

Управата на Нант не е многу задоволна со резултатите на Раниери, а наводно причина за прекин на соработката е лошиот однос меѓу двете страни.