Раниери официјално повеќе не е тренер на Лестер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на англискиот шампион го плати целот од лошите партии во оваа сезона, иако направи чудо со Лисиците, ја освои титулата во претходниот шампионат!

Клаудио Раниери повеќе не е тренер на Лестер.

Клаудио Раниери повеќе не е тренер на Лестер, сега и официјално.

Лестер е поразен во првиот меч од Севиља со 2:1, има активен резултат, но и синоќа беше во подредена ситуација.

Многу поголема грижа за Лисиците е првенството каде што се наоѓаат само на бод над линијата за испаѓање!

Првите реакции се за неверување, Раниери е прогласен за тренер на годината, но лошите партии во шампионатот беа доволни за сопствениците да го изгубат трпението.

Тој пред неколку дена изјави дека одби многу подобра понуда во текот на летото бидејќи сакаше да продолжи со Лестер.

Предупреди дека клубот може да се бори за опстанок, но вакви слаби партии никој не можеше да очекува.

Како да гледавме еден Лестер во ЛШ, а сосема друг во ПЛ.

Се зборуваше дека ја загубил довербата на играчите, дека тие најстарите му замеруваат дека е премногу мек, дека тимот се опушти и честите промени на фудбалерите внесоа дополнително несигурност.

Во секој случај, постои бајка и со ваков крај, а сигурно е дека нема долго да чека на работа.

Се зборува дека може да го наследи Паоло Соуса во Фиорентина каде што го направи првиот голем успех со освојување на Купот на Италија.