Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раниери во девет натпревари колку како тренер водеше во Премиерлигата против Сити, победи во осум и само еднаш ремизираше.
„Да бидете на 0:2 после четири минути од натпреварот не е ниту малку лесно. Тие беа многу силни на контри и одбиени топки. Знаевме дека така ќе играат, но не реагиравме на вистински начин. Не е работата во составот, на секој тренер му треба време. Во почетокот се чинеше дека играчите одма го прифатија новиот начин на игра, а сега се чини дека сепак ни треба време. Ни требаат уште одбранбени играчи? Не, добро се браневме на почетокот на сезоната, но сега мораме да анализираме каде грешиме и да направиме чекор напред.
Фудбалот е игра на грешки, а денеска поготово. Никогаш не се жалам на своите играчи, туку повеќе ќе погледам дали е проблемот во мене и ќе ја анализирам причината зошто сме имале проблем со долгите и одбиените топки“, рече тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Неговиот колега на спротивната страна беше очекувано задоволен од изведбата на својата екипа.
„Ова денес беше вистински Лестер. Можеби затоа што во последните неколку натпревари игравме лошо, но мислам дека бевме навистина добро. Сакавме да бидеме вистински и за нашите навивачи бидејќи не следеа во Португалија каде што не бевме добри. Игравме паметно.
Го успоривме темпото. Сите знаеја што да прават, но нормално дека многу ни помогна и тоа што постигнавме два гола така рано.
Нашата сила не е во посед на топка, но можеме да играме брзо и бараме брзи решенија. Многу сум задоволен и со Варди на кого на крајот на натпреварот му реков :Добредојде назад“.
Следните натпревари околу Божиќ ни се важни бидејќи сме блиску до зоната за испаѓање. Им реков на своите соиграчи дека ми требаат војници и тоа и ми го дадоа. Ми рекоа дека веруваат во овој состав и дека нема потреба за промена на составот бидејќи тоа на нашиот стил.
Веќе порано зборував колку сакам да ја спојам италијанската тактика со англиската култура. Големите шампиони реагираат во вистински момент. Ние знаеме кога играме добро можеме да победиме секого. Денеска бевме екипа и тоа е она што го сакам“.
Варди беше одличен. Постигна хет-трик, доби овации од навивачите и ја понесе топката дома. Прв хет-трик во Премиерлигата.
„Сакавме да покажеме вистински натпреварувачки дух и заеднички се бориме. Мислам дека успеавме во тоа. Утре повторно на тренинг и возбудено се подготвуваме за следниот натпревар“,кратко порача Варди.