Раониќ со пресврт до победа против Надал, следен е Димитров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милош Раониќ продолжува по патот до одбрана на титулата во Бризбејн.

Канадскиот тенисер се пласира во полуфиналето, а неговата последна жртва беше Рафаел Надал кој го совлада со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:4).

Во првиот сет Раониќ имаше многу проблеми со сервисот што Рафа го искористи во петиот гем и стигна до брејк.

Стекнатата предност Надал не ја испушти, па после 52 минути игра стигна до водство во сетови.

Раониќ одговори на идентичен начин во вториот сет. Израмнета борба беше видена до 3:3, а потоа Раониќ освои три гема по ред и израмни во сетови.

Во воведниот гем од одлучувачкиот сет Раониќ направи брејк, а со фантастичните сервиси успеа да победи и да избори пласман во полуфинале.

Следниот противник на третиот тенисер во светот ќе биде бугаринот Григор Димитров.