„Рашфорд, внимавај да не станеш нов Велбек“


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ова се зборовите на еден од стручните коментатори на една англиска телевизија.

Маркус Рашфорд е момчето кое доби поверение од Жозе Мурињо, има само 20 години и откако имаше сјајна сезона многу очекуваа да продолжи да блеска на теренот.

Сепак, Џејми Карагер не верува дека Рашфорд ќе профитира ако остане во Манчестер Јунајтед.
Карагер, некогашниот фудбалер на Ливерпул смета дека Рашфорд не игра на неговата омилена позиција како класичен напаѓач, туку дека Мурињо повеќе го користи на левата страна што не е баш најдобра работа за 20 годишниот напаѓач.

,,Не кажувам дека Жозе погреши бидејќи Лукаку игра пред Рашфорд на позицијата класичен напаѓач, Лукаку е подобар играч. Но ако играчот сака да игра како напаѓач, тогаш зошто го прави тоа? Да не ме сфати погрешно Дани Велбек, но Маркус Рашфорд не сака да стане новиот Велбек”- рече Џејми Карагер.

Дани Велбек, уште под раководтво на Алекс Фергусон беше користен како крилен играч иако природна позиција му е како Рашфорд- класичен напаѓач