Рашфорт: Руни сеуште не заврши со репрезентацијата


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија во сабота ќе игра против Шкотска, во квалификациите за Светско Првенство  во Русија.

Руни е најдобриот стрелец во Англиската репрезентација со 53 гола во 119 натпревари, но селекторот Герет Саутгејт не го повика во тимот.

„Руни има големо влијание на целиот тим, тој има уште многу да направи во својата кариера, има уште многу трофеи за кој може да игра, познавајќи го Руни, не е ништо готово“– Изјави Рашфорт.