Реал го собори рекордот на Барса!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал денеска го освои светското првенство за клубови, поради тоа што во финалето после продолженија го совлада јапонскиот Кашима со 4:2.

Лос Бланкоси така ги обединија титулите европски и светски шампион, и го освоија 23 трофеј на меѓународна сцена во клупската историја.

Така е соборен рекордот на најлутиот ривал Барселона, кој има 22 интернационални титули.

Реал е 11- кратен шампион на Европа (КЕШ и ЛШ), има и три трофеи во Суперкупот на Европа, два Куп на УЕФА, два Латински купови, три Интерконтинентални Купови и два Светски клупски првенства.