Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат британските медиуми, управата на мадридски Реал има намера дупката во одбраната да ја потполни со фудбалер на Граѓаните.
Се е извесно дека Пепе ќе го напушти Сантијаго Бернабе на крајот на тековната сезона, му истекува договорот со клубот во ова лето, а од приказните за продолжување на соработката сеуште нема ништо.
Поради се тоа, јасно е дека Реал ќе мора да ангажира засилување во последната линија и покрај фактот дека во клубот од позајмица во Ајнтрахт од Франкфурт веќе се враќа Хесус Ваљехо, а според информациите кои ги има британскиот весник „Дејли Стар“, во Мадрид може да стигне дефанзивец на Манчестер Сити.
Се работи за фудбалер кој во оваа сезона помина на позајмица во Валенсија, Алекијум Мангала.
Французинот после катастрофалната мината сезона во Англија, беше вишок после доаѓањето на Гвардиола на клупата на тимот од Итихад, е испратен на позајмица во Валенсија, каде што со време пружеше се подобри партии.
Реал наводно ги следи неговите настапи во Примера, изгледа дека им се допадна тоа што го виделе, па се спремни да го ангажираат и покрај фактот дека фудбалерот сака на Местаља, но и фактот дека Валенсија го сака во своите редови.
Имено, проблем за Слепите лилјаци е цената која ја постави Сити за неговите услуги, Граѓаните бараат 18 милиони фунти, што наводно Валенсија не може да понуди.
За Реал е тоа вистинска ситница, ма медиумите дадоа предност на Мадриѓаните, кога е ангажирањето на Мангала во прашање.