Реал експресно се огласи на темата Мбапе


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот новинар Баптист Рипарт објави ексклузивна информација дека Реал Мадрид договорил трансфер на Килиан Мбапп од ПСЖ.

Информацијата се рашири со брзина на светлината низ скоро сите влијателни спортки медиуми во светот, а дека станува збор за само обична шпекулација потврдува и официјалното соопштение од Реал Мадрид кое експресно беше испратено.

,,По повод информацијата дека Реал Мадрид постигнал договор со ПСЖ околу Килиан Мбапe сакаме да соопштиме дека инфомацијата е апсолутно неточна. Реал не испрати никаква понуда до ПСЖ”- пишува во официјалното соопштение.

Пред само два дена, Реал беше приморан да се огласи и во врска со Неjмар кога исто така демантираше било какви преговори со бразилскиот фудбалер.