Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двајцата фудбалери кои ја поминаа младинската школа на Реал, Борха Мајорал и Омар Маскарел од следната сезона би можеле да играат за Волфсбург.
Овој тандем моментално игра во Бундеслигата, Борха е позајмен во Волфсбург, а германскиот клуб е спремен да го откупи од кралевите, па 20-годишниот напаѓач и следната сезона би можел да го носи дресот на волците.
Второто име кое може да стигне во Волфсбург е Омар Маскарел. Иако овој 24-годишен фудбалер има потпишано договор со Франкфурт, Реал има опција да го врати кога ќе посака, а тоа би можеле да го направат ова лето и да му продадат на Волфсбург.
За овие фудбалери шпанскиот гигант би можел да заработи 25 милиони евра.