Реал Мадрид го потпиша најскапиот договор – ќе добие 1,1 милијарда евра!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека договорот помеѓу Реал Мадрид и Адидас ќе биде потпишан за периодот од 2020. до 2030. година, а „кралевите“ ќе ја преминат и Барселона, која добива 83 милиони евра од Најк.

Новиот договор со германскиот гигант ќе вреди неверојатна 1,1 милијарда евра, односно 110 милиони евра годишно.

Овој договор е револуционерен и колку за споредба, дури 21 клуб во НБА-лигата заработуваат 125 милиони долари годишно.

Исто така, Реал ќе добива и 22,5% од продаден оригинален дрес, а според пресметките од Адидас ќе добиваат уште 30 милиони евра.

Новиот договор предвидува и бонуси за освојување на титули. Реал ќе добие 3,5 милиони евра за годишен хонорар, а освојување на Лигата на шампиони ќе додаде уште седум милиони евра за таа година.