Реал Мадрид можел да го добие Фалкао, но Перез одбил да го купи!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Радамел Фалкао му бил понуден летово на Реал Мадрид.

Искусниот колумбиски напаѓач во последно време се поврзува со заминување од Монако, а најголем интерес покажа Милан, но таквиот трансфер не се реализираше, па неговиот агент го понудил Фалкао на Реал Мадрид.

Фалкао требало да биде замената за Кристијано Роналдо, но трансферот не се реализирал затоа што претседателот Флорентино Перез не сакал да го купи 32-годишниот напаѓач.

Инаку, Колумбиецот има договор со Монако до 2020. година.