Реал Мадрид на чекор до огромното засилување од ПЛ


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Повторно е актуелно, белгиецот е на чекор од Реал Мадрид.

Тибо Куртоа е решен да се врати во Мадрид.

Сепак, Кадена коп отиде чекор понатаму и ги откри причините поради која е завршена оваа работа.

Овој извор тврди дека Куртоа им соопштил на соиграчите дека ќе оди во Реал Мадрид и наводно бара училиште во престолнината на Шпанија каде ќе учи неговата ќерка следната година.

Малку кој знае дека сопругата и ќерка му живеат во Мадрид и дека Куртоа редовно патува од Лондон за да ги посети и да помине што повеќе време со нив.

Челси лесно нема да се откаже, но Антонио Конте се спрема за живот и после Куртоа, а ќе се обиде да го доведе Јан Облак од Атлетико Мадрид или Џанлуиџи Донарума од Милан.