Реал Мадрид посакува играч на Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Спорт Медиасет“ пишува дека од таборот на Реал Мадрид се вклучиле во трката за потписот на играчот на Милан, Сусо.

Шпанскиот интернационалец кој е еден од најдобрите играчи на Милан со четири голови и десет асистенции е трансфер цел на неколку европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Поранешниот играч на Ливерпул се поврзува со трансфер и во Челси и Атлетико Мадрид, а сега овие два тима добија сериозна конкуренција во „Кралскиот клуб“.

Сепак, евентуален трансфер би се реализирал по крајот на оваа сезона, а Милан за својот играч би добил над 50 милиони евра.