Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан повторно е тренер на Реал Мадрид. Информацијата за враќањето на стратегот вчера ја потврди и „кралскиот клуб“.
Зидан во мај минатата година, само пет дена по освојувањето на третиот трофеј по ред во Лигата на шампиони, доби отказ и од тогаш „кралевите“ играат очајно.
По неуспехот на Сантијаго Солари и Хулен Лопетеги, Зидан конечно се врати во тимот и ги израдува навивачите на Реал Мадрид, а тој има големи планови за наредната сезона.
„Кралевите“ подготвиле дури 300 милиони евра за нови засилувања, а тоа ќе биде доволно за две големи ѕвезди, кои во својот тим сака да ги види францускиот стратег.
Најреална и прва опција ќе биде Еден Азар, кој веќе неколку години е желба на „кралевите“, но наредното лето би можел да се пресели конечно на „Сантијаго Бернабеу“.
Втор е тинејџерот, кој ја „полуде“ Европа и исто така е желба на „кралевите“. Килијан Мбапе би можел да се пресели во Шпанија, а тоа го потврди и претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Како трета опција се споменува пристигнување на Нејмар. Бразилецот не е задоволен во Париз, а по елиминацијата од елитното европско натпреварување речиси сигурно ќе замине во Мадрид.
Покрај напаѓачките опции, ќе има реконструкција и во одбраната, а имињата на потенцијалните засилувања ќе бидат познати во наредните денови, а во моментов листата на Зидан е навистина голема.