Реал Мадрид се договори: Солари првото засилување го добива во јануари


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе донесе млад фудбалер, кој на само 20 години веќе има два настапи за Аргентина, а Ексекиел Паласиос за Ривер плејт дебитираше на само 16 години.

Станува збор за талентираниот 20-годишен фудбалер, кој сигурно ќе биде големо засилување за клубот.

Трансферот бил веќе договорен, а „кралевите“ ќе мораат да платат повеќе од 20 милиони евра за неговите услуги.

Младиот Аргентинец ќе потпише договор со Реал до 2024 година, а во трката за неговиот потпис беа уште Манчестер сити и ПСЖ.