Реал Мадрид сигурен во доведувањето на Азар


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Челниците на Реал Мадрид наводно се убедени дека во наредниот преоден рок ќе успеат да го доведат Еден Азар во своите редови.

Азар последните шест ипол години ги помина во Челси, но никогаш не ја криеше големата желба да настапи за Реал Мадрид.

На него му останува помалку од 18 месеци до истекувањето на договрото со Челси, па ќе биде продаден доколку не се согласи на нов договор во наредниот преоден рок.

Како што јавува The Mirror преговорите помеѓу Челси и Азар не напредувале и Реал со право се надеваат дека ќе го доведат Белгиецот на лето.

Челси би требало за Азар да добијат околу 100 милиони евра, но оваа сума за Реал Мадрид не претставува проблем.