Реал Мадрид спреми 100 милиони фунти за врвно засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според пишувањата на The Independiente, Реал Мадрид конечно се реши да доведе една голема ѕвезда после заминувањето на Кристијано Роналдо.

Со должна почит кон Винициус, Брахим и Диаз и останатите слични фудбалери – се знае што навивачите на Реал очекуваат после губењето на својата најголема ѕвезда. Нервозата и нетрпението расте, па Кралевите мораат итно да тргнат во акција.

Прв на листата на желби на Реал Мадрид се наоѓа Кристијан Ериксен, одличниот фудбалер на Тотенхем, за кого кралскиот клуб е спремен да плати 100 милиони фубти.

Ериксен има 26 години и договор со Спарсите до 2020. година, но моментално е во преговори за продолжување на соработката.

Доколку не се продолжи тој договор, патот на Реал спрема Данецот ќе се отвори, кој за Тотенхем игра од 2013. година кога стигна од Ајакс.

Постои опција Реал да го понуди Иско плус пари, но прашање е што на ова ќе речат од Спарси.

Кристијан Ериксен за Тотенхем има одиграно 18 натпревар оваа сезона во Премиер лигата и има учинок од четири гола и седум асистенции.