Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва на Алијанц Арена ќе играат против Реал Мадрид во четвртфиналниот натпревар во ЛШ.
Фановите на фудбалот со нетрпение го очекуваат натпреварот во Минхен. Кралскиот клуб планираше на Алијанц Арена да игра во традиционалните бели дресови, но тоа нема да се случи.
Кралскиот клуб ќе настапи со црни дресови. Баварците ќе играат во црвените дресови, но проблемот е што шорцевите им се бели.
Од УЕФА порачаа дека Реал Мадрид може да игра во бели дресови само во случај Баерн да носи црвени шорцеви. Германскиот клуб тоа го одби и кралевите ќе мораат да играат со црните дресови.