Реал постигна договор за Тео


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид и Ателтико Мадрид постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Тео Хернандез во редовите на Европскиот шампион.

Од Реал Мадрид се согласија да платат 26 милиони евра, два милиони повеќе од откупната клаузула што ја имаше Хернандез во неговиот договор.

Реал целиот износ ќе го плати на четири рати, а Тео ќе биде претставен како нов играч на „Кралевите“ во првата недела од јули.