Реал сакал да го ангажира Иниеста, но Шпанецот не сакал ниту да преговара!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андрес Иниеста на крајот на сезоната одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во Јапонија во дресот на Висел Кобе.

Еден од најдобрите играчи за врска во последните десет години, одлучи дека е време да замине од каталонската екипа, па призна дека имал можност да се пресели во Реал Мадрид, кој неколкупати се обидел да го ангажира.

„Имаше моменти кога од Реал Мадрид доаѓаа и се обидуваа да ме ангажираат. Вистината е дека немаше никакви преговори, зашто моја единствена цел беше да бидам во Барселона“, вели Иниеста.