Реал спреми понуда за Белгиец, се чини дека е премалку!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Флорентино Перез се реши да тргне по посакуваното засилување, прашање е само дали неговата понуда е адекватна.

Како што пренесува Калчомеркато, Реал Мадрид спреми понуда за услугите на голманот на Челси Тибо Куртоа!

Белгиецот веќе долго време е на радарот на Галактикосите, иако Кејлор Навас брани солидно во управата на клубот сакаат да се обезбедат на долги стази.

Во летото 2015 година за малку да го доведоа Давид Де Геа, се пропадна во последен час, а Шпанецот со време одлучи и да не ја менува средината, се зборува и дека ќе го продолжи договорот со тимот од Олд Трафорд.

Поради тоа, се свртија кон Куртоа кој веќе брани во Мадрид, носејќи го дресот на Атлетико покажа дека е светска класа, поради тоа, Челси го врати а со време меѓу стативите на Сините и го смени Петер Чех, кој сега е во Арсенал.

Куртоа е голема желба на кралскиот клуб, но понуда која се спрема не делува охрабувачки.

Имено, Флорентино Перез е спремен да издвои 30 милиони евра за услугите на чуварот на мрежата на тимот од Стенфорд Бриџ, тешко е да се поверува дека Челси ќе прифати на такво нешто.

Можеби ова е само испробување на пулсот на управата на Сините пред вистинската офанзива, која може да следи во наредното лето.

Според наводите на одредени медиуми, Куртоа нема да има ништо против да се пресели на Бернабе, но јасно е дека Реал мора да понуди повеќе.

Куртоа најверојатно нема да го напушти Стенфорд Бриџ во оваа зима зборува и фактот дека Челси разгледува да ја продаде неговата алтернатива, Асмир Беговиќ, на екипатана Борнмаут, која за услугите на босанскиот чувар на мрежата понуди 10 милиони фунти.