Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на мадридски Реал уште во 2014 година пријави во арбитражниот суд за спорт за неправилности во трансферот на дефанзивец кој соевремено „Кралскиот клуб“ го замени со Бенфика.
Езекиел Гарај од Реал Мадрид замина во Бенфика уште во 2011 година како дел од понудата на Мадриѓаните за Фабио Коентрао.
Во договорот меѓу клубовите стоеше дека Реал има право на 50 % од следното продавање на Аргентинецот.
Гарај подоцна Бенфика го замени Со Зенит, и токму тука лежи проблемот, барем по мислење на челниците на мадридскиот клуб.
Наводно пред понудата на Зенит за услугите на аргентинскиот фудбалер на адреса на лисабонската екипа имало понуда од минхенски Баерн тешка 15 милиони евра.
Бенфика таа понуда ја одби, а подоцна Гарај е продаден на Зенит за само шест милиони евра.
Значи, Во Реал сметаат дека управата на Бенфика апсолутно ја потценила вредноста на својот фудбалер и така директно го оштети и клубот од Бернабе.
Судењето е извршено уште во мај, а на крајот на месецот се очекуваат и резултати.
Гарај инаку ја промени средината во ова лето, а се врати во Шпанија, за 20 милиони евра и ќе ги брани боите на Валенсија.