Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска Барселона ќе ја започне мисијата наречена Лига на шампионите, а прв ривал ќе биде Селтик.
После катастрофалниот пораз од Алавес на својот стадион со резултат 1:2, за Барселона е императив победа во овој меч, а секој друг конечен исход може да значи влегување во криза со резултати.
Поради тоа, тренерот Луис Енрике се одлучи да направи револуционерни промени во составот за мечот против Селтик. Така на теренот ќе излезат дури 7 нови фудбалери во однос на тимот од Алавес.
Во тимот ќе бидат: Серхио Роберто, Самуел Умтини, Џерард Пике, Жорди Алба, Андрес Иниеста и Луис Суарез, додека од тимот се исклучени Хавиер Маскерано, Лукас Диње, Жереми Матје, Пако Алкасер, Арда Туран, Алеиш Видал и Денис Суарез.