Револуција во Мадрид: Перез подготвил 400 милиони евра за засилувања!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По финансиските извештаи за состојбата на Реал Мадрид, односно одличното работење на клубот, Флорентино Перез реши да направи големи чекор напред, па ќе се обиде да потроши 400 милиони евра на засилувања.

Тоа значи дека би можел да го урне претходниот рекорд од 300 милиони, кој го потроши на Кака, Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Чаби Алонсо и Арбелоа во 2009. година.

Секако, тогаш го урна светскиот рекорд, откако го плати Роналдо 100 милиони, а за толку го продаде летово на Јувентус.

Потребна му е голема ѕвезда, а наводно веќе е договорен со Нејмар и ќе го плати 300 милиони евра.

Остатокот од парите би можел да го вложи во Пауло Дибала од Јувентус, иако многумина веруваат дека приоритет му било да најде одличен дефанзивец.

Во секој случај, Реал подготвува вистинска револуција наредното лето и ќе биде интересно да се види што ќе се случува.