Револуција во светскиот фудбал: Лига на Шампиони во нови термини!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчерашниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА резултираше со многу важни одлуки, а меѓу нив има една која се однесува на термините во кои во иднина ќе бидат играни натпреварите во ЛШ.

Претходните месеци се шпекулираше дека до вакви промени може да дојде, а денес Извршниот комитет на УЕФА потврди дека од сезоната 2017/18, па до 2021 година натпреварите од елитното клупско натпреварување ќе го гледаме во термините од 19 и 21 часот.

Ваква одлука е донесена во корист на фановите на фудбалот кој од наредната сезона би можел да ужива во повеќе натпревари во текот на една вечер бидејќи ќе им биде обезбеден по најмалку еден пренос во два различни теремини.

Членовите на Извршниот комитет на УЕФА одлучија два натпревари да бидат играни од 19 часот, а преостанатите шест од 21 часот.

Промените поврзани со термините на одигрување на натпреварите значат дека добро познатиот 20:45 заминува во историјата.