„Реина ме срамни со земја!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи беше одигран во вторник навечер во Торино и крена многу прашина поради фактот дека на Јувентус му беа досудени 2 пенали, од кои вториот беше спорен.

Јувентус победи со 3:1, а фудбалерите на Јувентус преку Дибала го постигнаа 1-от и 3-от гол од пенал.

Вториот пенал беше направен над Квадрадо, кој два денови по натпреварот одлучи да даде коментар.

„Ми зборуваат дека сум глумел пенал, а Реина ме срамни со земја. Дефинитивно беше оправдано досуден пеналот. По контактот со Реина, не можев ништо да направам, па паднат на земја.“

„Многу е важно што победивме во првиот натпревар и одигравме добро. Можеби дури заслуживме и повеќе и поубедлив триумф, но што е, тука е.“

„Натпреварот против Удинезе ќе биде тежок, затоа што знаеме дека Удинезе е одличен тим. Тие ќе бидат посебно мотивирани, а на нас ни останува да ја оправдаме улогата на фаворит и да освоиме нови бодови.“