Рекордното засилување на Јунајтед спремно е за?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот според Жозе Мурињо треба уште да се развива.

После успешната дебитантска сезона во Манчестер Јунајтед, ретко некој кој што можеше да помисли дека Ентони Марсијал ќе падне во втор план кај Жозе Мурињо оваа сезона.

Португалецот нема доверба во Марсијал кој минатата сезона постигна 17 погодоци во дресот на црвените ѓаволи и беше една од ретките светли точки кај Ван Гал. Наводно проблемот настанал поради прифаќањето на лимитот на Марсијал на новиот состав на игра под водство на Мурињо и последицата беше еден од најскапите трансфери на Јунајтед да падне во втор план.

Континуитетот на игра Марсијал ќе го побара така што пролетната сезона ќе ја помине на позајмица, а како следна дестинација се споменува Севиља.

Иако неговата плата од 65 илјади фунти неделно претставува голем проблем за било кој клуб, за доброто на фудбалерот кој Мурињо без разлика на се го цени како фудбалер на кој уште смета би можел да добие заслужено време на теренот.