Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Себастијан Лоеб е победник во втората етапа од рели Дакар кое вчера се возеше од Ресистенција до Дем Мигел во должина од 812 км за камиони и 803 за останати возила.
Лоеб во првата етапа заврши на 6-то место, но со вчерашната победа успеа да го завземе првото место во генералниот пласман кај автомобилистите.
Кај мотоциклистите победи Тоби Прајс и тоа со три и пол минути пред тимскиот колега Матијас Вокнер.
Третата фаза се вози денес од Тучуман до Јуџуиј и ќе биде долга 780 км од кои 364 се предвидени за автомобили и мотоциклисти, а малку повеќе од половина за камиони.