Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Организаторите на Дакар ја откажаа 9-та етапа која беше планирана да се вози од Салта до Чилесит во среда.
Етапата долга скоро 1000 км е откажана поради невремето во делот на Аргентина каде што се наоѓа караванот на релито, а кое предизвика голем број на лизгање на земјиштето и прекин на патиштата.
Релито треба да продолжи во четврток додека сите возила, натпреварувачи и логистички камп ќе бидат преместени во Чилесит, каде требаше да биде целта.
Следната етапа се вози од Сан Хуан. По 8 денови водечки во генералниот пласман е Себастијан Лоеб.