Ремзи би можел во Јувентус да дојде и пред време


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арон Ремси сепак до крајот на месецот би можел да стане нов играч на Јувентс, но само доколу Арсенал успее да го осигура доаѓањето на двајца играчи.

Тој наводно потпишал преддоговор со италијанскиот шампион, според кој ќе стане член на Јувентус кога ќе му истече договорот со Арсенал.

Сепак, Јувентус би можел веќе овој месец да го довее Ремзи во своите редови, но ја одбива цената од 20 милиони евра, колку што Арсенал бара за овој трансфер.

Арсенал би можел да ја намали цената на 10 милиони, доколку успее да ги осигура доведувањата на Џејмс Родригез и Денс Суарез.

Емери веќе признал дека клубот во јануари може да доведе играчи само на позајмица, но Суарез и Родригез би можеле да дојдат во јануари, но нивните договори да бидат откупени на крајот од сезоната.

Доколку Арсенал би ги договорил овие двајца играчи, со продажбата на Ремзи од 10 милиони евра би можеле да ги исплатат позајмиците на играчите.

Ремзи за Арсенал запиша повеќе од 350 натпревари во сите натпреварувања.