Реми на Сан Сиро – Милан и Аталанта не беа расположени за погодоци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан ремизираа на Сан Сиро против Аталанта, 0:0 во натпревар од седумнаесетото коло од Серија А.

Куцка во осмата минута после слободен удар беше непрецизен. Аталанта до крајот на првото полувреме имаше одлични шанси за погодок. Петања и Спинациола шутираа непрецизно, а голманот на Милан Џанлуиџи Донарума пред самиот крај на првото полувреме му одбрани фантастично на Џаглиарни. 0:0 стоеше на семафорот после првите 45 минути.

Бонавентура во второто полувреме се закани два пати во период две минути, но два пати беше непрецизен. Во една соло акција Куцка издрибла неколку фудбалери на Аталанта, но завршниот удар беше лош. Донарума повторно излезе победник во дуелот со Џаглиарни кога фудбалерот на Аталанта шутираше со глава по средината на голот. После големата шанса за Аталанта, Карлос Бака ја погоди стативата и на крајот и двата клуба ги поделија бодовите, 0:0.

Милан во следното коло повторно ќе игра на Сан Сиро, овој пат против Каљари, а Аталанта во Бергамо ќе го пречека Емполи.