Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Србија вечерва во Белград ремизираа против Ирска во рамките на првото коло од квалификациите за СП.
Ирска одлично го отвори натпреварот и до предност стигна веќе во третата минута од натпреварот.
Лонг асистираше, а мрежата на Србија ја затресе Хендрик. Иако домаќините пробаа експресно да се вратат во мечот, Ирците успееја во првото полувреме да ја сочуваат предноста.
Во вториот дел од натпреварот Србија со сите сили тргна по израмнување. Тоа се исплати во 62 минута кога Костиќ израмни на 1:1 после асистенција на Тадиќ. Само седум минути подоцна Србија стигна до целосен пресврт. Овој пат стрелец беше Тадиќ кој беше сигурен од белата точка.
Сепак, во финишот на натпреварот Ирска успеа да дојде до израмнување преку Марфи. Во истата група се сретнаа Велс и Молдавија, а домашната селекција славеше со високи 4:0.
Домаќините до водство дојдоа во 38 минута со голот на Вокс, а само шест минути подоцна на 2:0 зголеми Ален.
Во второто полувреме домашната екипа ја чуваше иницијативата на средината на теренот.
Во 51 минута од натпреварот трет гол за домаќините постигна Бејл, додека конечните 4:0 во петтата минута од судиското продолжение ги постави истиот играч од пенал.
После првот около Велс е прв во групата Д со три бода колку што има и второпласираната Австрија која денеска славеше во Грузија. По еден бод имаат Србија и Ирска, додека без бодови со Грузија и Молдавија.