Репрезентацијата до 16 години со пресврт ја победи Ерменија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 16 години ја победи Ерменија со 2:1 на пријателскиот натпревар на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје.

Македонските репрезентативци победија со пресврт. Петросујан му донесе водство на Ерменија во 20-та минута од натпреварот.

Во период од десет минути во второто полувреме македонците направија пресврт. Трпчевски го израмни резултатот, а Таири му донесе победа на Македонија.