Реформи во НБА: Нема веќе натпревар помеѓу Исток и Запад на Ол Стар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од НБА лигата заедно со здружението на професионални кошаркари објавија реформи за Ол-Стар натпреварот кој традиционално се игра во месец февруари.

Според новите измени нема да има натпревар помеѓу Истокот и Западот. Како што објавија медиумите во САД, за прв пат во историјата тимовите ќе ги составуваат капитените од кошаркарите кои добиле најмногу гласови без оглед на тоа во која конференција припаѓаат.

Право да ги изберат соиграчите ќе имаат играчите со најмногу гласови од двете конференции.

Тие потоа ќе ги составуваат тимовите од играчите кои право за настап ќе стекнат според гласовите на навивачите (50 отсто0), играчите (25 отсто) и медиумите (25 отсто).

Ваквиот формат на играње на Ол- Стар натпреварите ќе започне да се применува од сезоната 2018/2019 година.