Ристовски и Жута со победа го започнаа походот кон одбрана на титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута кои настапуваат во редовите на Ријека со победа го стартуваа походот кон одбрана на титулата во хрватскиот шампионат.

Ријека на домашен терен со 2:0 беше подобра од Славен Белупо каде настапува уште еден македонски интернационалец, Мирко Ивановски.

Избраниците на Матијаж Кек до победа стигнаа преку погодоците на Горгон и Вешовиќ, а вреди да се спомене фактот дека Ријека играше со играч помалку по исклучувањето на Филип Брадариќ во 55 минута.

Мирко Ивановски имаше голема прилика да го отвори резултатот уште во раната фаза од натпреварот, го совлада голманот на Ријека, Слуга, но топката од пречката отиде во гол аут.

Уште двајца македонски интернационалци денес имаа свој настап во најсилната лига на Хрватска.  Томе Китановски и Ристо Митревски беа во составот на Истра на натпреварот против Динамо Загреб. Фаворизираниот тим на Динамо забележа лесна победа од 2:0.