Ристовски повторно завојува со Червар: На Хрватска и треба нешто ново…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска денес го игра својот трет меч на СП во Данска и Гемранија, а соперник им е Македонија, а обете репрезентации влегуваат во мечот се две остварени победи.

Една од најголемите пререки за хрватските ракометари ќе биде Борко Ристовски кој има бурно минато со предводникот на Хрватска, Лино Червар кој своевремено го изостави од списокот за СП 2017. година.

Потоа Ристовски оствари договор на кариерата со преминување во Барселона.

„Не ми треба Червар за да се мотивирам за Хрватрска, мечот против таквите репрезентации мотивот е сам по себе. Хрватска е меѓу петте најдобри во светот, има фантастични играчи и на сите натпреварувања има најголеми амбиции“, истакна Ристовски и повторно го „боцна“ Червар.

„Не размислувам за Лино Червар и не му посакувам среќа во следниот меч бидејќи тој е против нас. Но, на хрватските играчи им посакувам најдобар можен резултат до крајот на турнирот“.

Ристовски откако не беше во планот на Червар своевремено вербално го навреди некогашниот македонски селектор за време на Европското првенство минатата година во Хрватска.

„На Хрватска дефинитивно и недостасува подобар тренер. Лино Червар не е тренер за оваа репрезентација, неговото време помина уште пред пет или шест години. Червар е ветеран и веќе десетина години е надвор од модерниот ракомет. Кога Хрватска би имала подобар тренер сигурно би била меѓу фаворитите за медал. А вака…“, истакна тогаш голманот на нашата селекција…