Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Робињо во 2008 година се одлучи да го напушти Реал Мадрид и на изненадување на многумина кариерата ја продолжи во дресот на Манчестер Сити.
Робињо тогаш беше прво големо засилување на англискиот клуб што со доаѓањето на новиот сопственик сакаше да дојде до самиот врв на англискиот фудбал што на крајот и успеа.
Иако се знаеше дека е на излезните врати на Реал Мадрид многумина очекуваа дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на Челси.
На Стенфорд Бриџ беа сигурни дека Робињо од лето 2008 година ќе биде член на Челси, па неколку недели пред во продажба пуштија дрес со неговото име.
Сепак, на крајот се шокираа кога дознаа дека бразилскиот играч се одлучи да потпише за Манчестер Сити.
Сепак, многумина беа изненадени со неговата одлука, после речиси десет години Робињо се одлучи да ја открие вистинката страна на оваа приказна и објасни зошто не стигна во Челси.
„Мојата цел беше да одам во Челси бидејќи тогаш тренер беше Сколари. Брзо се договоривме со овој клуб, но Реал Мадрид во последен момент го стопираше трансферот бидејќи стигна богата понуда од Сити. Сепак, вистина е дека е дека не им се допаѓаше што Челси продаваше дресови со моето име пред завршувањето на трансферот и поради тоа ме продадоа во Сити“, рече Робињо, и додаде:
„Целта ми беше да играм во клуб кој е во Лигата на шампионите и Челси беше идеален избор. На крајот заминав на Итихад, а Сити само што почна да поставува некои високи цели. Но, одлично ме дочекаа и поминав одлични година и пол во овој клуб“.
Робињо во дресот на Манчестер Сити одигра 41 натпревари и постигна 14 голови. После тоа замина на позајмица во Сантос, а во 2010 година потпиша за Милан.