Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во 2013. година во Франција.
Германецот во несреќата имаше тешки повреди на главата и неколку месеци беше во кома, а вистински информации за неговата здравствена состојба нема.
Само неколку пријатели и членови на семејството имаат можност да го посетата Шумахер, а најновата информација пристигнува од член на потесното семејство на Михаел.
Во разговор за еден магазин од Париз, еден од членовите на семејството Шумахер ја открива состојбата на возачот.
Наводно, Михаел добро се чувствува, но и понатаму е во количка. Сепак, свесен е, но и многу емотивен, па често плачел.
„Кога ќе го донесат во количка до прозорецот и ќе ја види прекрасната панорама, Михаел често почнува да плаче“, открива анонимен роднина на семејството.
Михаел со остатокот од семејството во моментов живее во Швајцарија во градот Гланд, кој има поглед на езеро во Женева.