Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во германската спортска јавност, во последните неколку недели многу се зборуваше за Баерн и Хамес Родригез.
Родригез влезе во втората сезона од двегодишната позајмица во Баерн која Баварците ги чинеше 13 милиони евра, а со оглед на тоа дека под палката на Ковач нема минутажа која верува дека ја заслужува, многу се шпекулира за неговото повремено заминување.
Бројни тамошни медиуми, меѓу кои е и Кикер, пишуваа дека Баерн нема од Реал да го откупи договорот на Родригез но ако го прашувате колумбискиот фудбалер, неговите желби се јасни, сака да остане да игра.
„Доколку морам да заминам, затоа што не играм, ќе заминам. Би сакал да останам, бидејќи чувствувам љубов за сите навивачи на Баерн и за ова семејство“, изјави Родргез.
Колумбиецот беше јасен, доколку Баерн не миже да одговори на неговите потреби, има кој може. Меѓу клубовите кои се подготвени да го откупат договорот на Родригезм се споменуваат Арсенал, Ливерпул и Јувентус.
Во досегашниот дел од сезоната Родригез постигна три погодоци и запиша две асистенции во 11 натпревари за Баерн.