Рома добила предупредување: „Баерн сака да го доведе веќе во јануари за голема сума на пари“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер во Рома пристигна летото 2017 година, а многумина тогаш му порачаа на клубот од Рим дека направил вистинско промашување со неговото купување.

Џенгиз Ундер многумина воодушеви со својата игра во турската лига, а Рома веднаш реагираше и одлучи да го ангажира. Во првите неколку месеци турскиот фудбалер не се снаоѓаше баш најдобро но тогаш почна да го покажува својот голем потенцијал.

Оваа сезона Џенгиз Ундер е стандарден играч во екипата на Ди Францеско и веќе постигна неколку сјајни голови. Турчинот го привлече вниманието на многу европски великани, а италјанските медиуми пренесуваат дека Баерн е веќе спремен да го ангажира во јануари,а тоа го потврди и неговиот агент.

,,Баерн будно ги следи неговите настапи. Се што можам да кажам е дека не е невозможно тој да премине во Баерн за голема сума на пари”- порача агентот на фудбалерот на Рома.

Наводно Баварците се спремни за него да издвојат помеѓу 50 и 60 милиони евра што би значело дека Рома би можела да заработи неверојатна сума на пари бидејќи го купија за вкупно 13,4 милиони евра.