Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Раџа Наинголан кој постигна 2 гола против Интер во последниот натпревар, изјави дека Рома со ваква игра може да совлада било кој тим.
Рома заостанува 7 бодови зад Јувентус во Серија А, игра полуфинале во Копа Италија против Лацио и 1/8 финале во ЛЕ против Лион, што значи сеуште е во борба за три титули.
„Не очекувавме таков резултат против Виљареал. Но тоа е фудбалот. Мислам дека не ја игравме најсилната игра против Виљареал но ја искористивме секоја шанса. Иако имавме предност од 4 погодоци, знаевме дека ќе биде тешко, но верувавме во себе.“
„Во трка сме по три трофеи, а најмногу сме фокусирани на Серија А“ – изјави Наинголан.