Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лучиано Спалети нема да биде тренер на Рома после завршувањето на сезоната, а се е извесно кој ќе биде негов наследник.
Договорот на Спалети со Рома истекува за нешто повеќе од месец дена, а Рома на големо спрема негова замена за наредната сезона.
Неколку имиња беа во опција, но челниците на Рома се одлучија за Еузебио ди Франческо.
Ди Франческо моментално е тренер на Сасуоло, направи голем успех со тој тим, од Серија Б ги доведе до влез во Европа, а во оваа сезона беше доста солидна за тој тим.
Ди Франческо е и емотивно поврзан за Рома, бидејќи како фудбалер во деведесеттите години играше за Волчицата.
Спалети наводно е многу блиску до преземање на Интер, а Ди Франческо вчера истакна дека е “спремен да води голем клуб“.
„Во сабота ќе разговарам со претседателот на Сасуоло и ќе одлучиме за мојата иднина.
Јас навивам за Пескара, но мојот син е продукт на школата на Рома и тоа што е сигурно е дека многу добро поврзан со нив“, рече Еузебио ди Франческо.
Кориере дело Спорт пишува дека се ќе биде решено во наредните 24 часа…