Рома пресече, го продава гркот, а доведува тројца


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Волчицата мисли дека со три заслувања би можела да ја нападне титулата.

Зад лидерот Јувентус се четири бода, а шампионот има натпревар помалку. Но, Јуве има тежок распоред во следниот период, после тоа следи и ЛШ, па волчицата се надева дека тоа ќе го искористи.

Според некои информации, Интер или Манчестер Јунајтед ќе биде новата дестинација на Манолас. Изгледа дека ѓаволите лесно ќе ја добијат оваа битка ако за гркот понудат 50 милиони евра.

Како Рома ќе ги потроши парите?

Ги договорија трансферите на Софиан Феигули од Вест Хем, но исто така и позајмица на Хесе од ПСЖ како и Бадељ од Фиорентина за кој се спремни да платат 15 милиони евра.

Тоа се три имиња, а постојат и алтернативи. Понуден им е Халиловиќ, а на листата на можни засилувања се и Мусонда од Челси и Деулофеу од Евертон за кој е заинтересиран и Милан.